Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРОМ на Стевчо Јакимовски влегува во Владата?

ГРОМ на Стевчо Јакимовски влегува во Владата?
Љупчо Пренџов од ГРОМ ќе биде нов заменик-министер за локална самоуправа, доколку Собранието ја потврди листата на заменици-министри што ја предложи премиерот Груевски. Со ова, партијата на Стевчо Јакимовски станува дел од извршната власт. На другите заменички места се предлагаат: Спиро Ристовски за образование, Драгана Кипријановска за надворешни работи, Земри Ќамили за внатрешни работи, Билјана Бришковска Бошковски за правда, во економија - Христијан Делев, во финансии – Ардијан Џељадини , во здравство - Јовица Андоновски, во труд и социјала - Ибрахим Ибрахими, во информатичко општество и администрација - Марта Арсовска Томовска, во животна средина - Стево Темелковски. Во одбрана нов заменик министер ќе биде екс пратеникот на ДУИ Арбен Лабуништа, во транспорт и врски - Ниметула Хаљими, а во Министерството за земјоделство на заменичка функција ќе седне Ванчо Костадиновски. Се очекува Собранието да го потврди изборот на новите заменици-министри на собраниската седница закажана за в четврток.
Слично

Поврзани вести