ГРОМ на контрапротести за Уставен суд
Граѓанската опција за Македонија ги повика граѓаните на мирен протест утревечер пред Агенцијата за електронски комуникации и Обвинителството, со што ќе дадат поддршка на македонските институции.
Лидерот Стевче Јакимовски вели дека институциите не смеат да работат под притисок, а секој треба да сноси одговорност за својата работа.
„Видовме дека високи партиски функционери изјавуваат оти не ги признаваат судовите, не го признаваат обвинителството и одат дотаму што не покажуваат почитување ниту за највисоките судски инстанци, вклучувајќи го Врховниот и Уставниот суд. ГРОМ сака да покаже дека огромен број од граѓанството во Република Македонија си ја сака државата, ги почитува институциите зошто тие се наш, и се создадени да им служат ним. Ако нема институции, нема ни држава“- вели Јакимовски.
Тој кажа дека институциите се напаѓани од политички причини и непринципиелно.
Слично
