ГРОМ: Mетодата на уцени по која работи Заев е својствена на терористички организации
Партијата на Стевче Јакимовски, ГРОМ денеска на опозицијата ѝ порача дека методата на уцени и закани е својствена само на терористички организации, а не на современи политички партии.
Организацискиот секретар на ГРОМ Љупчо Пренџов, на денешната пресконференција изјави дека веројатно Заев не мисли дека постои некој којшто ќе поверува дека странските разузнавачи со кои соработувал ѝ мислат повеќе добро на земјата отколку власта која легитимно ја добила довербата од сопствените граѓани.
- Оттаму, ГРОМ бара надлежните правосудни институции во транспарентна и докрај законска процедура да спроведат истрага и извршителите да одговараат согласно законските прописи во Македонија. Во спротивно, се воведува опасен политички преседан на користење на аудиовизуелни техники во борбата меѓу политичките субјекти, како методите на следење и изнудување, вели Пренџов.
Тој праша дали Заев е оној истиот којшто 60 дена ги тераше своите членови да трчаат во изборна кампања, за на крај на самиот ден на избори, во 19 часот да изјави дека изборите се неважечки.
- Тој ист лидер во повеќе наврати јавно изјави дека не одел на преговори со Груевски и дека воопшто не се гледал со него, за да сега се осознае дека за 3,5 месеци се сретнал дури 4 пати?! Пред целата јавност изјави дека не го познава Зоран Верушевски, за да сега испадне дека не само што го познавал, туку и соработувал со него?! Лидер на партија кој јавно кажа дека податоците од прислушкувањата му ги дале прво „загрижени граѓани“, а сега, дека ги добил од странски разузнавачки служби, прашува Пренџов.
Слично
