Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРОМ ја зголемува коалицијата

ГРОМ ја зголемува коалицијата
Предизборната коалиција за престојните претседателски и предвремени парламентарни избори Стевчо Јакимовски, Драгиша Милетиќ, Слободан Угриновски и Кире Гештаковски ја објавија денеска. Тие ја  потпишаа Декларацијата за заеднички настап на претседателските и предвремените парламентарни избори 2014 година и за формирање на коалицијата „ГРОМ“. - Денеска ја обзнануваме коалицијата ГРОМ, составена од Граѓанската опција за Македонија, Српската напредна странка во Македонија, Сојузот на Титови леви сили и Партијата на слободни демократи. Ова е практично третата опција во Македонија, а станува збор за партии што веќе имаат заедничко искуство од минатите изборни циклуси. Разговараме и со други политички партии и невладини организации кои очекуваме да ни се приклучат на коалицијата, рече на денешната прес-конференција лидерот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски. Според Угриновски претседател на Сојузот на Титови леви сили, партијата пронашла идеолошки совпаѓања во коалицијата ГРОМ . Лидерот на Српска напредна странка во Македонија, Милетиќ ја потврди поддршката кон ГРОМ. - Ние остануваме доследни и понатаму продолжуваме во коалицијата ГРОМ зашто во поглед на националноста и верската припадност, оваа опција им носи добро на сите граѓани, изјави Милетиќ. Кире Гештаковски како претседател на Партијата на слободни демократи, истакна дека имаат одлични позитивни искуства од коалицирањето на минатогодишните локални избори, но и идеолошките определби им биле речиси идентични. Лидерот на ГРОМ, Јакимовски, нема да биде носител на ниту една листа, тој рече дека ќе остане на позицијата градоначалник на Општина Карпош. - Моја задача на овие предвремени парламентарни избори, како и на претседателските, ќе биде да ја издигнам коалицијата ГРОМ на што е можно повисоко ниво, таа да освои што е можно повеќе гласови. Сметам дека Граѓанска опција за Македонија и трите партии кои се приклучуваат имаат доволно кадровски потенцијал за достоинствено да ги претстават граѓаните на Република Македонија, рече Јакимовски
Слично

Поврзани вести