ГРОМ и формално одлучи – влегува во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ!
Централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) синоќа со акламација го усвои предлогот на партиското раководство за партијата да стане дел од владината коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
„Извршниот одбор на партијата веќе донесе одлука да се поддржи коалицијата и да учествуваме во Владата со еден заменик-министер како и раководители на други институции кои што ќе бидат понудени за ГРОМ. Очекувано беше дека Централниот одбор ќе ја прифати препораката од извршниот одбор на ГРОМ и отсега па натаму ќе учествуваме во работата на Владата во Република Македонија“, вели лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.
Љупчо Пренџов од ГРОМ веќе е предложен за нов заменик-министер за локална самоуправа во Владата на Никола Груевски.
Слично
