Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРОМ гледа во излезот од тунелот – партија фокусирана на економијата!

ГРОМ гледа во излезот од тунелот – партија фокусирана на економијата!
Граѓанската опција за Македонија ќе биде центристичка партија која ќе ги обедини сите граѓани од Македонија: Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Црногорци, Словенци, Хрвати, Еѓупци. „Тоа е партија од центарот чија цел ќе биде целата енергија да ја насочи кон градење на социјално општество, правна држава, задржување на младите во земјата, нудење на поволности за бизнисмените, отворање на нови работни места, комплетно подобрување на општата слика во Македонија“-изјави првиот човек на ГРОМ Стевче Јакимовски за Фактор.

На промоцијата на Граѓанската опција на Македонија  во преполната сала на Александар Палас освен Јакимовски како дел од ГРОМ се појавија независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Виктор Цветкоски, поранешниот пратеник Кире Гештаковски, политичкиот аналитичар Сашо Клековски, поранешниот претседател на општинската организација на СДСМ во Кисела Вода, Чедомир Саздовски, поранешниот претседател на СРД, Томе Грујовски.

Според Јакимовски примарна цел на стартот на новата партија ќе биде економијата. Економските проблеми и нивните потенцијални решенија ќе бидат насоката кон која ќе бидат фокусирани уште веднаш.  Тој најави основачко собрание за три месеци. Амбициите се партијата да се избори за своето место во власта, според анализите по следните предвремени парламентарни избори, кои според партијата би се одржале во март 2014-та.

Јакимовски ја основа ГРОМ по убедливата победа во Карпош над своите против кандидати од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, разбивајќи го на тој начин двопартизмот во македонската политика. фото Утрински весник
Слично

Поврзани вести