ГРОМ ги промовираше кандидатите за пратенци
Со ветувањата за стабилни институции, еднаквост на граѓаните пред законот, нови работни места, Граѓанската опција на Македонија (ГРОМ) кампањата за предвремените парламентарни избори ја почна во Куманово.
ГРОМ на конвенцијата ги претстави кандидатите за пратеници во сите шест изборни единици.
Граѓанската опција на Македонијаќе се залага за национална економија која ќе креира нови работни места, ќе се залага за децентрализација на моќта во политиката, во економска и регионална смисла, изјави лидерот на партијата, Стефче Јакимовски.
Виктор Цветковски, носителлот на листата во втората изборна единица вети дека со своите сопартијци ќе докажат пред граѓаните дека тие се домаќини со чесни намери, искрени претставници на нивната мака, храбри луѓе кои ќе се борат за правата и статусот на обичниот човек.
Слично
