Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРОМ бира претседателски кандидат

ГРОМ бира претседателски кандидат
Граѓанска опција за Македонија - ГРОМ, партијата на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, денеска бира свој претседателски кандидат. Централниот одбор на партијата ќе ја донесе одлуката, откако претходно ГРОМ се определи за самостоен настап на претстојните претседателски избори. Дел од медиумите, како најсериозен кандидат кој би можел да истрча во претседателската трка за ГРОМ, го наведуваат професорот Зоран Поповски, кој важи за еден од најблиските соработници на Јакимовски. Поповски во еден мандат, кога со Владата раководеше СДСМ, бил државен секретар во Министерството за образование. Својата кандидатура на изборите веќе ја најавија Стојанче Ангелов од „Достоинство“ и професорката Билјана Ванковска, која ќе собира 10.000 потписи како независен кандидат. Професорот Јове Кекеновски најави дека ќе се кандидира, но преку партиската конвенција на ВМРО ДПМНЕ, од каде очекува поддршка.
Слично

Поврзани вести