Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гробот во Амфиполис може да е на првиот човек на Александар Македонски

Гробот во Амфиполис може да е на првиот човек на Александар Македонски

Грчки археолози сметаат дека гробницата, која беше отворена во северна Грција, е посветена на Хефестион - најблизок пријател, генерал, телохранител, организатор и најверојатно омилен на Александар Велики.

„Ние претпоставуваме дека станува збор за споменик подигнат за херојот, посветен на Хефестион“, изјавила Катерина Перистери, која раководи со ископувањата на Амфиполис.

„Не знам дали тој е погребан во него“, појаснила таа.

Според античкиот историчар Плутарх кога Хефестион умира во Ектабан, Иран, Александар побарал од Деинократес (неговиот архитект) да крене мавзолеи низ целата земја. Масивниот мавзолеј во Амфиполис, кој се наоѓа на 60 километри од градот Серес, е најголемиот откриен досега во Грција. Гробницата е откриена во 2012 година и од тогаш е предмет на многу шпекулации дека може да е посветена на некој близок на Александар - мајка му Олимпија или на неговата сопруга Роксана. Научниците досега не успеале да дадат конечен одговор.

Сега тимот археолози, предводен од Катерина Перистери, како и архитектот Михалис Лефанцис посочуваат дека пронашле три натписи со зборот „parevalon“ (добиен) и монограми на Хефестион. Според други научници гробот бил изграден од Римјаните, а не од Македонците.

Слично

Поврзани вести