Грчките бизнисмени си договориле зделки во Скопје
Зделките се договорени и ќе се случат во иднина, вели претседателот на Федерацијата на индустрии на Грција, Атанасиос Савакис за неодамнешното патување на Алексис Ципрас во Северна Македонија. Тој и потпретседателот на федерацијата беа дел од грчката бизнис делегација што го посети Скопје.
Како што јавува дописничката на МИА од Атина, бизнисмените се задоволни од посетата.
„Патувањето, од политичка страна беше успешно. Од економска страна, да бидеме искрени, мислам дека никој не очекуваше дека ќе се склучеа огромни економски зделки или компаниите кои што се веќе активни таму дека ќе склучеа нови зделки – вели потпретседателот на Федерацијата во разговор со странските дописници во Грција.
– Суштината е една, зделките или беа направени или ќе се склучат во иднина, но од моментот кога почнуваат да се создаваат канали на комуникација и рамки на соработка, кои се попријателски во споредба со минатото, сметам дека е позитивно. Она што во суштина е важно е она што континуирано го кажувавме, и без да го оценуваме договорот на политичко ниво, туку на економско ниво, дека треба да се отстрани било која пречка што постои за бизнисите и создавање бизнис односи и дополнителен развој на екстровертноста, особено во држави во кои едниот пазар се смета за природно продолжение на другиот – коментира претседателот на Федерацијата, Савакис.
Потпретседателот, Јанис Ставру, вели дека кога постои особено позитивен пречек од другата страна се поставува основа за подобра дополнителна соработка. Потенцира дека пазарот на Северна Македонија е мал и не нуди некои големи можности, но како земја има и свои предности.
– Северна Македонија има некои особено важни предности. На пример има особено високо ниво на човечки ресурси во техничките области. Порано, факултетите во Скопје се сметаа за многу добри факултети во тогашна Југославија. Исто така постои уште еден феномен. Многу технички компании што работата во Скопје имаат работа во целиот свет. Знаеме за случаи во кои грчки компании преку технички канцеларии во Скопје, добиле работа во Либан или во други држави. Имаат човечки капитал кој е особено значаен и може да понуди помош во екстровертноста и во ширењето на бизнисите во трети земји поради вештините што се развиени – објаснува Ставру.
