Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грижите го потонаа еврото, најголем пад во 2017

Грижите го потонаа еврото, најголем пад во 2017

Оптеретен со политичките игри, еврото забележа најголем дневен пад во 2017, иако добивките на доларот во однос на повеќето валути го запреа четиринеделниот пад.

На препладневното тргување во Европа, еврото ослабнало 0,8 проценти и паднало на 1,07 долари со загриженост на инвеститорите во поглед на проблемите со грчките долгови и наговестувања дека десничарскиот кандидат Марин ле Пен ја јакне својата позиција во пресрет на претседателските избори во Франција.

Доларот кој се опорави од најлошиот почеток на годината во изминатите три децении, беше во добивка во однос на кошницата останати валути, а доларскиот индекс се зголеми за 0,7 проценти. Доларскиот индекс бил на пат да забележи најголема дневна добивка за месец дена.

Јапонскиот јен ги изгуби претходно стекнатите добивки во однос на доларот и бил во пад од 0,4 проценти на 112,12 јени спрема доларот.

Слично

Поврзани вести