Грижете се за економските права на граѓаните!
Омбудсманите на земјите од регионот, меѓу кои и Македонија ги повикаа властите во своите земји да покажат поголема грижа, сензибилност и доследност во решавање на прашањата од областа на економските и социјални права на граѓаните.
Непочитувањето на овие права е најголема закана за човековите права во целина, се вели во заедничкото писмо од народните правобранители на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија.
Според омбудсманите неопходно е постоечките проблеми да се решаваат со широк општествен дијалог и целосно почитување на виталните интереси на најзагрозените групи граѓани.
„Почитувањето на човековите права и владеење на правото во секоја ситуација, особено кога се изразува граѓанско незадоволство е императив за сите власти, што омбудсманите секојдневно ќе го контролираат“, се наведува во соопштението, објавено во екот на големите социјални немири кои ја потресуваат Босна и Херцеговина.
Слично
