Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грижа за потрошувачи: Објавенo кои се опасни производи во Босна и Херцеговина

Грижа за потрошувачи: Објавенo кои се опасни производи во Босна и Херцеговина

 70 непрехранбени артикли, главно за деца се најдоа на најновата  листа на небезбедни производи во продажба која ја објави Агенцијата за контрола на пазарот на Босна и Херцеговина. Овде се најдоа играчки за деца, бебешки колички и креветчиња со потекло од Турција, Хрватска, Србија, Кина, Мексико, Полска, Данска, Чешка и Германија.

Од Агенцијата посочуваат дека станува збор за производи чија употреба предизвикува хемиски и ризици од пожар, струен удар, повреди и задушување, а можат да се најдат на пазарот низ цела БиХ.

Агенцијата заедно со инспекциските органи веќе четврта година спроведува акции за зајакната контрола на одредени непрехранбени потрошувачки производи и информирање на јавноста во земјата за најчестите ризици поврзани со вакви артикли.

Искуствата покажуваат дека при изработката на евтини производи се штеди на материјали и тоа се одразува на нивната безбедност, бидејќи се користат недоволно цврсти, со несоодветен квалитет и лошо обработени материјали, нефлексибилни кабли.

Слично

Поврзани вести