Грипот зема замав, уби 40 луѓе
40 луѓе починаа од здравствени компликации настанати од грип во Босна и Херцеговина од кои 37 се на подрачјето на Република Српска.
Здравствените власти во Република Српска, велат дека уште четири пациенти починале од последици на тешки акутни респираторни инфекции, со што билансот на смртни случаи се зголеми на 37.
Новите случаи со смртни последици од грип се регистрирани во болниците во Бања Лука, Бјелина, Зворник и Босанска Градишка.
Во Македонија има два смртни случаи.
24-годишна девојка со Даунов синдром деновиве починала од свински грип на КАРИЛ. Претходно почина 5 годишно девојче.
Слично
