Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грипот попушта – намален бројот на заболени

Грипот попушта – намален бројот на заболени
Во последната недела од март се пријавени вкупно 677 новозаболени од грип, што е намалувaње од 41,6 отсто во однос на претходната недела и 50,4 отсто во споредба со истиот период лани, соопшти Институтот за јавно здравје на Република Македонија. Во овој период не бил регистриран смртен случај асоциран со инфекција со вирусот на грип, а вкупниот број на починати лица во оваа сезона останува 12. Најголем број случаи во оваа сезона биле пријавени во февруари - 50,6 отсто од вкупниот број. Во јануари регистрирани се 24,1 отсто од заболените, а во март – 21,5 отсто. Најмногу заболени се регистрирани во Скопје (4.017) и во Прилеп (3.887), и тоа пред се во возрасната група од 15 до 64 години.
Слично

Поврзани вести