Грипот ја зеде првата жртва – вака можете да се заштитите!
67-годишна велешанка е првата жртва на грипот оваа сезона. Надлежните велат дека инфлуенцата е во подем - во последните неколку дена бројот на регистрирани заболени значително се зголемил.
Од стартот на сезоната досега се регистрирани околу 2000 заболени од грип, од нив над 500 само последната недела.
Вирусот на грип од типот А Х3Н2 циркулира години наназад и во период на сезона на грип може да презентира потежок клинички израз од она што го презентираат другите типови на вирусна инфлуенца А.
„Бројот на пациенти кои се предмет на редовни иследувања, консултации, прегледи и натамошен третман на Клиниката се движи се уште некаде под 20 проценти од пациентите кои ја посетуваат Клиниката. Но, бројот на хоспитализирани пациенти со клиничка слика на состојба која меѓу другото вклучува и грип, се зголемува. Педесет проценти од хоспитализираните 90 до 100 пациенти на Клиниката имаат грип“, изјави денеска директорот на Клиниката за инфективни болести Ѕвонко Миленковиќ.
Здравствените власти се загрижени дека ширењето на грипот може и дополнително да се забрза од понеделник, кога децата се враќаат во училиштата по завршениот зимски распуст. Затоа препорачуваат да се преземат сите неопходни превентивни мерки.
Здравствените власти препорачуваат децата кои имаат симптоми на болест да не одат во училиште, да се лекуваат во домашни услови за да се спречи ширење на инфекција во училиштата. Понатаму, се препорачува внимавање на личната хигиена и консумација на витамини, овошје и зеленчук, а да се избегнува брза храна.
Слично
