Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грипот ја однесе првата жртва зимава!

Грипот ја однесе првата жртва зимава!
Грипот ја зема првата жртва годинава. Според првичните информации, се работи за повозрасна жена која со симптоми на грип била примена на Клиниката за инфективни болести. Состојбата и се искомплицирала и таа починала. Повеќе информации надлежните најавуваат во текот на денов. Бројот на заболени од грип деновиве е зголемен, но според здравствените власти состојбата е под контрола и нема причина за загриженост. Од почетокот на сезоната, во здравствените установи регистрирани биле речиси 1500 заболени од грип. Во соседството, во Грција веќе има пет жртви на грипот зимава.
Слично

Поврзани вести