Груевски му пишал на Самарас: Да се видиме уште оваа седмица
Преку писмо до грчкиот премиер Андонис Самарас, премиерот Никола Груевски упатил повеќе предлози за надминување на спорот со името, објави Дневник.Весникот пишува дека Груевски побарал создавање на тимови на чело со премиерите на Македонија о Грција , кои со посредство на Метју Нимиц на маса ќе ги стават отворените несогласувања во спорот со името и ќе се потрудат да најдат решение.
Писмото било испратено минатата недела, а според објавеното Груевски истакнал дека и двете земји ќе имаат ќар од изнаоѓањето решение, што во овој момент не е можно, бидејќи разговорите сега се во застој.
„Да се видиме уште оваа седмица“’, нагласил Груевски во писмото, а како што откриле дипломатски извори за Дневник, станува збор за писмо со чија содржина се предлага нешто што е многу посуштинско од средбите меѓу премиерите на двете држави што се случувале во минатото.
Исто така македонскиот премиер ја побарал поддршката од Самарас за почеток на пристапните преговори со ЕУ, што ќе ги подобри односите на двете земји и ќе ја подобри климата за успешно решавање на името.
Весникот Дневник најавува дека ќе ја објави целосната содржина на писмото од Груевски до Самарас.
Слично
