Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЕШКА НА ЛЕКАРИТЕ ГИ ОДНЕСЕ ВО СМРТ: Родилката и бебето во гевгелиската болница се задушиле!

ГРЕШКА НА ЛЕКАРИТЕ ГИ ОДНЕСЕ ВО СМРТ: Родилката и бебето во гевгелиската болница се задушиле!

Катастрофални грешки и небрежност на лекарскиот тим ги однесе во смрт родилката и мртвороденчето во гевгелиската болница.

Обдукцијата и првичните резултати покажале дека родилката, во случајот починатата Маја подолго време била оставена без кислород, била погрешно интубирана неколкупати, односно лекарите анестезиолози повеќепати неуспешно и спуштале црево во дишните органи.

Имено на 23 октомври животот го загубија мајка и новороденче од Дојран во гевгелиската болница

Уште истиот ден по трагичната  вест сопругот ги обвинуваше лекарите-анестезиолози дека биле пијани и се виновни за смртта на Маја.

После неколку дена анализите  на примероците на крв извршена од страна на Министерството за внатрешни работи покажала 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози а двајцата анестезиолози уште пред една недела добија отказ од работа кога и официјално се потврди алкохолот во крвта.

Директорот на болницата во Гевгелија уште пред да ги добие резултатите одлучи двајцата анестезиолози да бидат суспендирани додека не заврши истрагата и не се утврдат причините за несреќата, а министерот Тодоров побара од Лекарската Комора да им ги одземе лиценците на двајцата пијани анестезиолози од гевгелиската болница.

Сопругот на починатата родика, Кадиев засега не ја коментира ситуацијата иако посочи дека правдата ќе ја тера до крај. Сепак тој уште не е повикан во Обвинителство да даде исказ.

Слично

Поврзани вести