ГРЕШКА: Европскиот парламент користел слики од Скопје за да ја прикаже – Софија
Видеа и фотографии од Скопје биле искористени како илустрација во краток филм за бугарскиот главен град Софија, што се прикажува во Центарот за посетители на Европскиот парламент, пишува бугарскиот весник „Новините“.
Дејството на филмот започнува во 1997 година со протестите што го потресуваа главниот град на Бугарија и продолжува низ годините на бугарската транзиција кон пазарна економија.
Сепак, во филмот на Европскиот парламент наместо терминалот 2 на аеродромот во Софија, е прикажан скопскиот аеродром „Александар Велики“. Освен ова во филмот се покажувале и други знаменитости кои воопшто не се поврзани ниту со Софија ниту со Бугарија - мостови и патни знаци кои се дел од инфраструктурата во Македонија.
Ваквиот „пропуст“ кој предизвика незадоволство во бугарската јавност, претставниците на Европскиот парламент го објаснуваат со „недостиг на финансиски средства“ заради што морале да бидат искористени архивски снимки во филмот, па дури и видеа од други европски градови. Сепак признале дека употребата на снимки од Скопје за да се прикаже Софија е навистина грешка и ветиле дека во најскоро време ќе ја исправат.
Слично
