Грците загрижени, Медитеранот има нов шампион
Хотелиерите во Грција се загрижени затоа што приходите во мај им се помали од лани, а во Турија хотелиерите се задоволни затоа што туристите се враќаат.
Турците очекуваат дека ова ќе биде нивна година. Посетите на Родос, Крит, Тасос, не ветуваат многу за грчките хотелиери. За Грците месец мај оваа година бил најслаб во споредба со неколку години наназад.
Се зголемува бројот на туристи кои бираат алтернативно сместување, куќи, а не хотели.
Турција и Севена Африка годинава ќе бидат атрактивни за туристите.
Поради падот на лирата, зголемена е конкурентноста на производите.
Египет и Мароко оваа година ќе имаат многу туристи. За Турција интересот е зголемен за 40%, додека за Египет има двоен раст. За Мароко растот на резервации е 37%, а за Кипар 19%.
