Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИТЕ ВОЗНЕМИРЕНИ: Турција праќа бродови во спорниот дел од Средоземјето

ГРЦИТЕ ВОЗНЕМИРЕНИ: Турција праќа бродови во спорниот дел од Средоземјето

Турција праќа бродови во спорниот дел од Средоземјето. 

Државата денес најавила праќање на бродови за трагање на лежишта за нафта и гас во спорното подрачје на источното Средоземје, зголемувајќи ги тензиите со Грција. 

Вооружените сили на Грција се во состојба на приправност, објавено е од Атина. 

Турските власти соопштиле дека истражувачкиот брод „Орук Рејс" и два помошни до 2-ри август ќе трагаат јужно од грчките острови Родос, Карпатос и Кастелорицо, пренесува Бета. 

„Турција ја зголеми агресивноста кон Грција, Кипар и Европската унија во целост", изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Грција и Турција се во судир околу правата на експлоатација на гас и нафта во регионот.

Слично

Поврзани вести