Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грците уапсија туристи кои не ги почитувале мерките

Грците уапсија туристи кои не ги почитувале мерките

Грчката полиција ги „чешла“ островите, има приведени и казнети. 

Полицијата во текот на викендот направи обемни патроли за почитување на превентивните епидемиолошки мерки на туристичките дестинации на островите Парос, Миконос, Санторини, во обид да го спречи ширењето на коронавирусот.

Три лица се приведени на Санторини,  за нарушување на јавниот ред и мир, а инспекцијата извршила увид во седум барови и клубови.

На Парос, инспекцијата посети ноќни клубови, од кои еден затвори во следните 15 дена, оти во него имало повеќе гости од дозволениот број. 

За клубот следи казна од 3.000 евра, а пет лица се уапсени за бучава, пренесува грчката агенција АНА.

На Миконос е уапсен италијански државјанин, кој организирал забава во куќа каде имало премногу луѓе. Полицијата провери дали девет барови на плажа и 17 барови и клубови се придржуваат кон пропишаните мерки. Две лица се уапсени на Миконос затоа што немале дозвола да постават лежалки на плажа, а уште шест лица за создавање бучава.

Бројот на заразени во државата расте. 

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 75 нови случаи на Ковид-19, а во изминатите 24 часа починаа две лица. Од новите случаи само четири се по направените тестови на влезните точки во земјата.

Слично

Поврзани вести