Грците со протести нема да го решат спорот со името
Додека Грците се подготвуваат за вечерашните протести во над 20 градови за „грчкиот карактер на Македонија“, грчкиот архиепископ упатува јасна порака дека со протестите нема да се реши спорот со името.
Архиепископот кажува дека неговиот став е оти ваквите прашања не се решаваат со протести.
- Позицијата на црквата е цврста и тоа го кажуваме и пак го кажуваме и го повторуваме. Црквата рече: името Македонија не е лесно да го дадеме, да го позајмиме. Моите ставови се дека со овие прашања не се соочуваме со протести, со викање итн. Одговорен е Парламентот, ќе одлучи, ќе преземе одговорност и уште нешто Парламентот не е сам, се гласа од народот, рекол Јеронимос одговарајќи на новинарски прашања по посетата на еколошки центар за предучилишно образование.
