Грците се заштитија од високи сметки за мобилен телефон
Регулаторот на грчките телекомуникации на операторите им наложи од 1 јануари 2019-та да им ги ограничат сметките на грчките корисници до 150 евра, а потоа да им ги блокираат услугите за тој месец.
Станува збор за севкупен лимит на разговори, текстуални пораки, податоци, такси итн., а за понатамошно користење корисникот ќе мора да го информира операторот дека е свесен дека надминал сметка од 150 евра и дека сака да продолжи со користењето на услугите.
Оваа мерка е донесена со цел да се заштитат клиентите од превисоки сметки за кои несвесно ги направиле, а потоа биле изненадени.
Одлуката е донесена по консултациите помеѓу телекомуникациските компании и здруженијата на потрошувачи.
Слично
