Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грците се загрижени, поскапува се

Грците се загрижени, поскапува се

Грците се загрижени поради поскапувањата. 

За 47 отсто од Грците ова е проблем, а веднаш потоа е пандемијата за 24,2 проценти од грчките граѓани, а потоа следат криминалот, националните прашања, миграцијата, според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Marc“ за телевизијата „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на популарноста на лидерите на политичките партии, најпопуларен е актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, зад него е новиот претседател на КИНАЛ Никос Андрулакис, а на третото место е лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас. Истражувањето на агенцијата „Marc“ за телевизијата „Антена“ е направено од 8 до 12 февруари 2022 со анкетирани 1.037 граѓани. Инфлација има во Грција, Турција, и во еврозоната. 

Економиите во еврозоната забавуваат, а ова и се случува и на Германија. 

Слично

Поврзани вести