ГРЦИТЕ ПРОТИВ „РЕПУБЛИКА ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА“: Ќе се бара ли нов предлог?
Ги охрабруваме нашите соседи да продолжиме заедно да работиме на изнаоѓање на заемно прифатливо решение со географска или временска одредница токму како што предвидува пакетот предлози што ги достави специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, пишува во соопштението од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Ова е соопштено откако кажаа дека се против „Република Илинденска Македонија“.
Само неколку часа претходно Ципрас ги информираше парламентарните лидери и претседателот на Грција за последниот предлог за името, но не доби поддршка за „Илинденска Македонија“. Сите опозициски лидери го отфрлија предлогот оценувајќи дека со него „се зајакнува иредентизмот“.
„Работиме на решение кое нема да биде кршливо и нема да пропадне за неколку месеци и кое нема да се одрази врз достоинството и историјата на двете земји“- изјави Ципрас.
Тој вчера зборувајќи пред централниот комитет на неговата партија СИРИЗА рече дека нема дилема дека преговорите за името се наоѓаат на круцијална точка и дека тие ги бранат националните линии со внимателни чекори.
Ципрас рече дека се блиску до решение, но дека последните чекори се најтешки.
