Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грците продаваат познат остров

Грците продаваат познат остров

Грците продаваат остров кој е туристичка атракција. 

Се работи за Келифос, познат и како Островот на желките, кој се наоѓа во близина на Неа Мармарас во Грција. 

Островот кој се наоѓа помеѓу двата полуострови на Халкидики - Ситонија и Касандра, има површина од 70 хектари, од која дел е во сопственост на три семејства (15 хектари), а остатокот е во сопственост на општината.

Во огласот стои дека островот се наоѓа во заливот Торонеос, а од Неа Мармарас е оддалечен 6 километри.

„Дневно го посетуваат повеќе стотици туристи кои се капат во кристално чистото море на заливот на југозападната страна. Дозволена е станбена изградба, како и изградба на хотел со капацитет до 100 кревети", пишува во огласот.

Информацијата е објавена на Фејсбук страницата "Live from Greece", а неговата цена е  10 милиони евра.

Слично

Поврзани вести