Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИТЕ ПОРАЧАА: Плоштадите се преплавени со луѓе, мора да им се слушне гласот

ГРЦИТЕ ПОРАЧАА: Плоштадите се преплавени со луѓе, мора да им се слушне гласот

Oрганизаторите на масовните протести во повеќе од 20  градoви во Грција попладнево порача дека до крајот на јуни секој ќе го добие тоа што го заслужува и  ќе биде кристално јасно. 

Илјадници граѓани се собраа во Катерини, Неа Мудања, Воден, Кавала, Серес, Кукуш, Костур, како и на островите Крв, Родос и Крит. Централниот собир се одржува во Пела, родниот град на Александар Велики, од каде што беа испратени пораките на организаторите.

„Не прифаќаме договор со Скопје кој ќе го вклучува зборот Македонија и кој го признава македонскиот јазик и идентитет. Вечерва плоштадите се преплавени со луѓе, мора да им се слушне гласот“ - беа дел од пораките. 

По денешните протести низ северна Грција, протест за одбрана на името „Македонија“ ќе има и во Атина, на централниот плоштад Синтагма, на 8 јули, само неколку дена пред самитот на НАТО. Протeстот во Атина, ќе го организира Здружението за заштита на правата на Власите кои зборуваат грчки во Македонија и Здружението за заштита на Хеленска Македонија.  Двете здруженија ги повикуваат граѓаните да порачаат дека не може да се преговара за грчкиот карактер на Македонија и дека „Македонија е една и единствено грчка“.

Слично

Поврзани вести