Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грците подготвуваат 24-часовен генерален штрајк, кои се причините?

Грците подготвуваат 24-часовен генерален штрајк, кои се причините?

Вработените во приватниот сектор во Грција излегуваат на 24-часовен генерален штрајк на 8 декември. 

Ова ќе биде во знак на протест против мерките за штедење на владата, пишува весникот „Катимерини". 

Одлуката за штрајкот е донесена од конфедерацијата на трудот ГСЕЕ, која во својата најава предупредува дека ќе ги искористи сите средства и можности за да стави крај на криминалните според неа мерки, поттикнувачи кон сиромаштија. 

Луѓето нема да седат со скрстени раце наспроти политиките, уништување на општеството и економијата. За синдикатите, борбата е единствената опција за да бидат прекинати жестоките мерки за штедење, даночни напади, социјални кратења и уништувањето на работничките и други права. .


Слично

Поврзани вести