Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грците објавија кога почнува туристичката сезона

Грците објавија кога почнува туристичката сезона

Наскоро почнува туристичката сезона во Грција. 

Министерот за туризам, Василис Кикилијас, денеска најави дека туристичката сезона официјално ќе почне на 1 март, и тоа е многу порано од лани. Грчкиот туризам во 2020 ја претрпе најлошата година во историјата со само седум милиони посетители, кои донесоа приход од четири милијарди евра, пишува „Ројтерс“. Сето ова е резултат на пандемијата.  Туристичката гранка која сочинува една петтина од економијата, почна да закрепнува лани кога сезоната, која официјално почна во мај, донесе околу 10,5 милијарди евра приход, многу помалку од рекордот на сите времиња поставен во 2019 година. Македонските граѓани се чести гости кај јужниот сосед. 

Слично

Поврзани вести