Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грците најчести гости во Македонија

Грците најчести гости во Македонија
Над 20 илјади странски туристи ја посетиле Македонија во ноември 2013-та година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од нив, најбројни биле Грците - 3.765. Потоа следуваат туристите од Турција 2.750, од Србија 1.976 туристи и од Бугарија 1715 туристи. Ввкупниот број и домашни и странски туристи во ноември 2013-та година изнесувал 34.113. Тие оствариле 79.025 ноќевања. Најпосетен од градовите бил Скопје каде што се евидентирани 12.009 туристи. Другите туристички места ги посетиле 7.134 туристи, бањските центри - 2.364, а планинските места  - 2.874 туристи.
Слично

Поврзани вести