ГРЦИТЕ НА ГОТОВС: Ново невреме ќе ги погоди овие делови
Грчките метеоролози излегоа со вонредно предупредување за опасност од ново невреме.
Метеоролозите информираа дека во попладневните часови има можност невремето да ги погоди Јонското Море, Пелопонез, западниот и северозападниот дел на државата.
Грција се очекува да биде зафатена од ново невреме проследено со силни врнежи од дожд, а на некои места и град, силен ветер и бура.
За невремето подготвени се пожарникари со службени возила, а дополнително известени се и сите надлежни државни служби.
Минатата недела на Халкидики имаше невреме при што загинаа 7 луѓе.
Слично
