Грците ќе се справуваат со невреме и бранови од 11 метри
Меѓу Пелопонез и островот Крит денеска се очекуваат бранови повисоки од 11 метри.
Грчката Национална опсерваторија во Атина, која го следи движењето на моќната бура над таа земја, објави дека се очекува „окото“ на Медикан (Медитерениан хурикан) денеска во попладневните часови да стигне до брегот на Пелопонез.
Силната бура која вчера го зафати јужниот дел на Грција, доведе до прекин во снабдувањето со струја во делови од Атина.
Спасувачките служби будно ја следат состојбата цел викенд.
Слично
