Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грците ќе пушат поскапи цигари

Грците ќе пушат поскапи цигари
Грчката влада планира законски измени со кои ќе ги зголеми акцизите на цигарите за пет евроценти, на тутунот за лулиња за седум центи и пакувањата со пури за едно евро. Измените се со цел да се зголемат приходите во државната каса, јавија грчките медиуми. Истовремено, со овие законски измени треба да се надомести укинувањето на таксата од 25 евра за сместување во државна болница, што Владата сакаше да ја наплатува еднократно.

Со оваа такса се очекувааше годишен прилив во буџетот од 45 милиони евра, а од поскапувањето на тутунските производи државата ќе заработува дури и повеќе - по 50,7 милиони евра годишно.

Слично

Поврзани вести