Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грците ќе го поминат најсиромашниот Божиќ

Грците ќе го поминат најсиромашниот Божиќ

Се очекува Грците да го поминат најсиромашниот Божиќ во последните години, забележува грчкиот весник „Та неа", цитиран од агенциите.

Изданието коментира дека движењето на пазарот се подобри, но Грците се сиромашни. 

Ќе потрошат 438  евра за купување, а лани потрошиле 457 евра. 

Трговците зборуваат за пад од  2,5% во однос на декември месец минатата година. Иако граѓаните кружат по трговските центри, тие сами ги гледаат излозите, забележува „Та неа".

Весникот ја споредува сегашната ситуација со онаа во почетокот на управувањето на премиерот Алексис Ципрас и тогашните напнати односи со кредиторите. Сега тензиите растат по одлуката на Ципрас да даде еднократна финансиска помош на пензионерите со ниски примања и да го намали ДДВ-то на некои острови.


Слично

Поврзани вести