Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИТЕ ГО КАНАТ ТРАМП: Србите среќни што Вучиќ се слушнал со новиот американски претседател

ГРЦИТЕ ГО КАНАТ ТРАМП: Србите среќни што Вучиќ се слушнал со новиот американски претседател

Грците го канат новиот американски претседател Доналд Трамп да ја посети Грција, а Србите се задоволни што нивниот претседател Александар Вучиќ се слушнал со него. 

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис разговараше денеска со Трамп, шест дена по победата  на изборите. Како што пренесуваат грчките медиуми, Мицотакис го поканил и Трамп да ја посети Грција.

Мицотакис ја истакнал важноста на стратешкото партнерство Грција-САД за регионалната стабилност и безбедност, изразувајќи надеж за блиска соработка за билатерални, регионални и глобални прашања.

Српскиот премиер Милош Вучиќ изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ бил меѓу првите лидери кои разговарале со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и дека тоа е добар знак за Србија.

Вучиќ изјавил дека ова е добра вест за земјата и дека бил задоволен од разговорот на кој присуствувал и милијардерот Илон Маск.

„Претпоставувам дека тоа е добар знак за Србија. Претпоставувам дека тоа е нешто со што треба да се гордееме, добра вест“, изјави Вучевиќ.

Слично

Поврзани вести