Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИЈА ЖЕСТОКО ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ТУРЦИТЕ: И со најмал потег, ќе ве згазиме

ГРЦИЈА ЖЕСТОКО ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ТУРЦИТЕ: И со најмал потег, ќе ве згазиме

Грчки воени службеници упатиле закани до Турција со порака нејзините сили да не се обидуваат да се симнат на било кој остров во Егејското море.

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос реагирал откако турски  авиони влегле во грчкиот воен простор над Егејското море и ја предупредил Анкара дека ќе плати за тоа.

-Ако направат и најмал потег, ќе ги загзиме-се заканил Каменос. Додал дека Атина сака мир и хармонија, но дека нема да препушти ни сантиметар од својата територија.

Министерот ја посетил воената база на малиот остров Лерос на Егејското море, така што неговиот говор може да се смета за начин да го зголеми моралот н војниците, а адмиралот Евангелос Апостолакис тоа го нагласил.

-Ако Турците се симнат на острвочето, ќе го срамниме. Тоа е црвена линија која ја повлече владата-рекол Апостолакис. Додал дека воениот судир со Турција е можен, но дека Грција заедно со ААД и ЕУ сака Турција да не дојде до тие точки.

Од друга страна, генералот Хулуси Акар рекол дека Турција нема да се откаже од своите права.

Грција и Турција моментално имаат неколку спорови во Егејското море во кое се наоѓаат мали острови поради кои е тешко да се одреди граница. Во изминативе неколку години имаше средби на воени бродови и авиони.



FOTO: EPA

Слично

Поврзани вести