Грција во ОН ќе се жали за турските провокации за островите во Егејското Море
Грција ќе испрати писмо до Обединетите нации(ОН) за турските провокации.
Јужниот сосед ќе испрати писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш „во кое целосно ги побива едностраните и непостоечки тврдења на Турција за островите во Егејското Море“, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори.
Информацијата ја потврди и портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.
Односите меѓу двете земји и порано беа напнати поради островите во Егејското Море.
Во 1996 година, за малку е избегнат воен судир помеѓу овие две соседни земји и членки на НАТО.
Слично
