Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција утринава ги затвори границите за Србите

Грција утринава ги затвори границите за Србите

Грција ја затвори границата за српските граѓани утрово во шест часот, освен за неопходните патувања за кои е потребна посебна дозвола, а српските граѓани кои веќе се во Грција како туристи, ќе можат да останат таму до крајот на аранжманот и да се вратат во својата земја.

„Ги предупредуваме граѓаните да не одат во Грција за да ја избегнат ситуацијата да се најдат на патот или на грчките гранични премини без можност да влезат на територијата на Грција“, рече српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за „Танјуг“.

Портпаролот на владата во Атина, Аристотелија Пелони, рече дека „според новите епидемиолошки податоци, решено е да се запре влезот на српските граѓани во Грција од понеделник, 6 јули, во шест часот наутро, јави агенцијата Ана-Мпа.

Суспензијата ќе трае до 15 јули. Грција ја отвори границата за граѓаните на Србија и другите земји на 1 јули, по што голем број на туристи од Србија заминаа на одмор во таа земја.

Во Србија, во меѓувреме, бројот на заболени од коронавирусот започна да расте, а во неколку градови е прогласена вонредна состојба.



Слично

Поврзани вести