Грција уште малку ќе ја стаса Македонија по бројот на невработени
Македонија има поголема невработеност од земјите со највисока невработеност во европската унија, Грција и Шпанија.
Во 17-те земји во кои се користи еврото, невработеноста во ноември изнесувала 12,1 отсто, покажуваат податоците на Евростат. Според тоа, невработеноста во еврозоната остана на рекоrдно високо ниво од 19,2 милиони луѓе. Во 28-те земји членки на Европската унија, невработеноста изнесувала 11 отсто. Највисока стапка на невработеност има во Грција, 27,4 отсто, а по неа е Шпанија со 26,7 отсто. Најниска стапка на невработеност има во Австрија, 4,8 отсто и во Германија, 5,2 отсто.
Македонија
Стапката на невработеност во земјава во третиот квартал од 2013 година изнесува 28,7 проценти, а бројот на невработени лица изнесува 273.860 лица, покажуваат податоците на Државниот завод на статистика.
Повеќе од половина од невработените се на возраст меѓу 15 и 24 години, а 27,7 проценти од невработените се на возраст од 25 до 49 години.
Според образование со четири години средно се 114.350 невработени лица, а со високо 41.509 невработени лица.
Стапката на активност во третиот квартал од годинава изнесува 57,3, а активното население во земјава брои 957.417 лица. Најмногу вработува преработувачката индустрија каде се вработени 134.339 лица и во земјоделскиот сектор се 127.747 лица.
Слично
