Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција урна рекорд, имаат над 21.000 заразени со корона

Грција урна рекорд, имаат над 21.000 заразени со корона

Во Грција се регистрирани рекордни 21.657 нови случаи на коронавирусот. 

Од нив скоро 10.000 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Починаа 60 луѓе, а 635 пациенти (шест повеќе од вчера) се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, од кои 540, односно 85,04 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.

Омикрон веќе доминира во Грција. Строги мерки ќе стапат на сила на 3 јануари, но не е исклучено поради омикрон да почнат да се применуваат и порано. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести