Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција трага по десетици исчезнати, бројот на мртви во пожарите искачен на 79

Грција трага по десетици исчезнати, бројот на мртви во пожарите искачен на 79

Грчките медиуми пренесуваат дека истрагата за десетици исчезнати лица е во полн ек а во деструктивните пожари бројот на мртви според последни информации кои кружат на грчките медиуми е 79, повредени се над 200 меѓу кои им 23 деца.

Продлабочени истраги се спроведуваат за да се идентификуваат исчезнатите лица, за кои има стравувања дека се над 100.


Пешачки патролни групи, кои се состојат од 130 лица од вооружените сили и противпожарната бригада, спроведуваат истражувања во областите на Неос Вуцас, Мати и Рафина.


Истрагите продолжуваат да се вршат во офшор областа на Рафина од 14 бродови на крајбрежната стража, додека патролираат и авиони и хеликоптери.


Во исто време, тројца психолози се наоѓаат на терен за да им помогнат на луѓето што ги загубија членовите на семејството во огнена катастрофа.

Сликите од терен се навистина ужасни.


Слично

Поврзани вести