Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција тешко го пребродува банкротот на „Томас Кук“, во неволји и Бугарија

Грција тешко го пребродува банкротот на „Томас Кук“, во неволји и Бугарија

Во Грција, каде се сместени повеќе од 50.000 клиенти на гигантот „Томас Кук“ кој прогласи банкрот, во тек се првите летови за репатријација на патниците кон островите Закинтос, Крф и Кос, пренесува „Гардијан“. 

Министерот за туризам во земјата, Харис Теохарис, кој формираше оперативен центар за координирање на напорите за репатријација, вели дека очекува 22.000 патници да се вратат дома во наредните три дена. Министерството работи со британската амбасада во Атина на репатријацијата (враќање во татковината), за која се верува дека е под надзор на британската администрација за цивилно воздухопловство. 

Обидувајќи се да ги намали стравувањата во земја чија економија е скоро целосно зависна од туризмот, министерот кажал дека трошоците на хотелите и другите поврзани трошоци се покриени за клиентите на „Томас Кук“. Грчкото Министерство за туризам соработува тесно со националното Министерство за економија и другите власти за поддршка на огромниот број грчки компании погодени од банкрот на британскиот тур-оператор.

„ТОМАС КУК“ ЈА ФРЛИ ГРЦИЈА НА КОЛЕНА: Банкротот им донесе „земјотрес, а очекуваат и цунами во туризмот“

Огромно мнозинство од погодените туристи во Грција се на островот Крит. Но, низ целата земја, особено во Спорадите, каде што 75% од сегашните гости на хотелот се британски, туристичките службеници зборуваат за банкрот на компанијата, како катастрофа за грчките компании кои веќе се погодени од веќе економските проблеми на земјата. Алексо Еустатиу, кој е претседател на Сојузот на хотели во Скијатос на споради и го претставува „Томас Кук“, рекол: „Ова е огромен економски удар за туризмот ... се проценува дека има околу 1800 до 2000 Британци на нашите острови. Во моментов, економската штета е невозможна да се процени“.

Во неволји и Бугарија

Владата на Велика Британија и британскиот орган за цивилно воздухопловство, кои ќе го преземат управувањето со „Томас Кук“ по банкротот, ги презедоа сите чекори за да се вратат назад британците, што ги резервираа одморите преку „Томас Кук“ во нивните домови. Ова ќе биде на штета на британскиот орган за цивилно воздухопловство преку нивниот гарантен фонд АТОЛ, објави на прес-конференција министерката за туризам на сиседна Бугарија, Николина Ангелова. Според амбасадата, има околу 2500 туристи кои пристигнуваат преку компанијата во Бугарија, а се очекува дека денес ќе летаат два лета од Бургас кон Велика Британија. Едниот може да има околу 180, другиот околу 175 патници. За утре се планирани уште два лета од Варна и Бургас, додаде таа. Постојано ја следиме состојбата со цел да го заштитиме бугарскиот пазар. Пред нас е исклучително сериозна работа“, смета таа.

„Како впрочем, во петок бевме во контакт со менаџментот на компанијата и со главниот извршен директор, од кого бевме известени дека саботата и недела ќе бидат клучни со оглед на преговорите што се водат за спасувачкиот пакет на компанијата. Очигледно не дојде до позитивен резултат и во 4,00 часот беше најавен банкрот“, рекла таа.

 „Сакам да и се заблагодарам на британската амбасада за нивната поддршка. Тие презедоа акција за покривање на трошоците на туристите“, рече Ангелкова. Според неа, утре ќе се одржи состанок со сите тур-оператори и хотелиери кои работеле со Томас Кук за тоа какви би биле последиците и точниот број на туристи и хотели кои биле погодени. „Немаме никакви информации за бугарските туристи кои останале таму заради банкрот на компанијата“, рече таа. Британскиот тур-оператор Томас Кук престанува со работа и одлуката влегува во сила веднаш, соопштија претходно британските авијациски власти. 

Стечајот ги откажува одморите за стотици илјади клиенти. Според информациите на веб-страницата на Томас Кук, компанијата годишно опслужува 22 милиони туристи, поседувајќи 200 хотели и над 100 авиони. Во моментов, клиентите на компанијата кои се на одмор во странство се 600 000 луѓе, од кои околу 150.000 се британски државјани.

Во петокот, тур-операторот, кој долго време доживува проблеми со сервисирање на заеми, потврди дека бара 250 милиони американски долари дополнителни средства за да избегне банкрот. Томас Кук е создаден пред 178 години. Банкротот им се заканува на 22.000 работни места, вклучително и 9000 во Велика Британија.

Слично

Поврзани вести