Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција стави клуч на вратите на турски училишта

Грција стави клуч на вратите на турски училишта

Недостатокот на деца од малцинствата во Грција ги принуди властите да затворат 60 училишта, од кои 9 се турски. Со решение на грчкото Министерство за образование се намалува драстично бројот на часови по турски јазик во две гимназии во Ксанти и Комотини, а недостатокот на доволно ученици предизвика затворање на 9 турски училишта, што предизвика остра реакција на Турција

Претседателот на Здружението на наставници во регион Родопи - Еврос Салих Ахмет изјави дека затворањето или спојувањето на училишта на малцинствата без тоа да е усогласено со родителите на децата е погрешен, бесмислен и неприфатлив чин.

“Со почетокот на новата учебна година изгубивме 9 наши училишта и ние сме силно вознемирени од овој факт. Затворањето на училиштата не е решение за проблемот со образованието на малцинствата. Долг на целата наша заедница е да ги сочуваме средините каде што го изучуваме јазикот и религијата, целта ни е нашите деца да добијат подобро и квалитетно учење. Досегашниот тренд на затворање и спојување на училиштата не го подигна квалитетот на образованието и е грешка тоа да се аргументира со економски и други причини“, коментира Ахмет. Тој истакна дека учебниците по грчки и турски јазици не ги задоволуваат потребите на модерното образование и повика за што е можно побрза замена со нови.

Проблемите на турското малцинство во Грција Ахмет го изложил во извештај до грчкото Министерство за образование. Учителот по турски јазик и литература во гимназијата за малцинствата во Ксанти Садетин Шакир Хусеин изјавил дека турското малцинство има потреба од посебна зграда за учење на децата од средниот курс и средно училиште, како и од уште професори по турски. Според него и во Ксанти, и во Комотини средношколците се соочуваат со многу тешки услови во образовниот процес.



Слично

Поврзани вести