Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција со вето против увозот на „фета“ сирење од Канада

Грција со вето против увозот на „фета“ сирење од Канада

Со цел да го спречи увоз во ЕУ на бело сирење од брендот „фета“ од Канада, Грција е подготвена да ги искористи сите законски можности, дури и да стави вето, изјави во Солун главниот секретар на грчкото Министерство за земјоделски развој и храна, Димитрис Мелас.

Според објавите на весникот „Нафтемборики“, најавата на Мелас доаѓа во пресрет на преговорите за слободна трговска размена меѓу ЕУ и Канада.

Мелас нагласи дека Грција во писмена форма го известила канадскиот претставник за своите намери, како и дека планира прашањето со „канадската фета“ да го постави на планираната  средба на ЕУ во ноември.

Европската комисја, а потоа и Европскиот суд, решија дека сирењето „фета“ е грчки бренд и дека тоа може да се нарекува така само доколку е произведено во одредени региони во Грција.

Слично

Поврзани вести