Грција со нов „црн“ рекорд - имаат над 28.800 заразени со корона
Расте бројот на заболени од ковид кај јужниот сосед. Нов негативен рекорд има во Грција каде се регистрирани 28.828 нови случаи на коронавирусот.
Над 12.500 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Новите случаи се од 398.632 тестови, наспроти вчерашните 21.657 случаи од 556.060 тестирања. За 24 часа починаа 72 лица, а 620 пациенти (15 помалку од вчера) се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, од кои 529, односно 85.32 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани. Досега во Грција се потврдени вкупно 1.134.713 случаи на Ковид-19, а починаа 20.636 луѓе.
Омикрон доминира во Грција. Од СЗО велат дека истовременото ширење на делта и на сојот омикрон на коронавирусот создава „цунами од случаи“.
foto freepik.com
