Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИЈА: Штрајк на лекари, болниците им останаа пусти

ГРЦИЈА: Штрајк на лекари, болниците им останаа пусти

Вработени во грчките државни болници и служби на итната помош протестираа во Атина поради намаленото државно финансирање на националниот здравствен сектор.

Здравствените работници ги напуштиле болниците во кои останал само персоналот за итни случаи, а планирано е штрајкот да трае 24 часа.

Демонстрантите прошетале покрај 10 државни болници, носејќи црни балони полни со хелиум и модел на пациент кој умира, а потоа дошле до министерството за здравје.

Од 2009 година државата речиси за третина го намалила издвојувањето за здравство по жител, во рамки на мерките за штедње кои мора да ги спроведат за да добие меѓународен заем.

Тоа за последица имало долга листа на чекања за операции, недостаток на персонал и зачестени расипувања на медицинска опрема во болниците.

Слично

Поврзани вести