Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција се жали – не ни даваат да копаме во Амфиполис додека не се реши името!

Грција се жали – не ни даваат да копаме во Амфиполис додека не се реши името!
Европската унија и НАТО вршеле притисок врз Атина да се откаже од ископувањето на археолошкиот локалитет Амфиполис додека не се реши спорот околу името, тврди весникот „Грик репортер“. Според ова издание на грчката дијаспора, мистеријата на Амфиполис останува нерешена затоа што меѓународната заедница побара директно од премиерот Андонис Самарас да се прекинат истражувањата. Весникот тврди дека токму ова е причината што Самарас постепено го стишал тонот и се откажал од првичниот оптимизам по откривањето на гробницата на оваа локација. Грчките археолози веруваат дека во гробницата се погребани членови на семејството на Александар Македонски. „Последните очајни напори на Скопје да ја направи Македонија своја „татковина“ и да го направи Александар Велики нивен предок, се совпаѓа со нивните напори да го добијат спорот со Грција. Посредникот на ОН, Метју Нимиц во моментов ги притиска двете земји да дојдат до заедничко прифатливо решение за името. Грција веќе ја загуби битката околу терминот „Македонија“ во името, а грчките политичари сега се мачат за да му додадат географска одредница на терминот „Македонија“, се наведува во текстот. „Замислете што би се случило доколку гробот во Амфиполис му припаѓа на некој важен член од фамилијата на Александар Велики. Заедно со гробот на Филип Втори во Вергина, гробницата во Амфиполис ќе биде понатамошен доказ дека Македонија 100 процентно им припаѓа на Грците, а Грција ќе влезе во преговорите со уште еден преговарачки аргумент. За жал, нашите НАТО и ЕУ сојузници отворено го поддржуваат членството на ПЈРМ во евроатланските институции. Поранешниот грчки премиер, Костас Караманлис наводно беше „избркан“ од грчката премиерска функција откако и кажа „не“ на ПЈРМ за членството во НАТО во 2008 година. Исто така, германската канцеларка Ангела Меркел сака да ја прифати ПЈРМ во ЕУ, а исто така имаше тврдења дека грчкиот амбасадор во Германија токму поради ова прашање си поднел оставка“, наведува „Грик репортер“. Своите тврдења изданието ги поткрепува со фактот што археолозите знаеле со децении за оваа гробница, но не пристапиле порано кон ископување, како и фактот што работите досега чинеле само 590 илјади евра (од кои 250 илјади се донации) иако Грција досега била далеку подарежлива за помалку значајни откритија.
Слично

Поврзани вести