Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција се тресе: Силен земјотрес удри на Крит ФОТО

Грција се тресе: Силен земјотрес удри на Крит ФОТО

Силен земјотрес рано утринава го погоди грчкиот остров Крит, но нема извештаи за штети, јавува Ројтерс.

Земјотресот според регионалните медиуми бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Атинскиот геодинамички институт, а бил почувствуван дури и во Каиро, Египет.

Според EMSC, земјотресот се случил во 01:25 часот, а епицентарот бил во морето на околу 60 километри североисточно од Ситија, Крит, кој се наоѓа на североисточната страна на островот.


Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) наведува дека земјотресот бил на длабочина од 80 километри.


На жителите им е издадено предупредување за цунами. Засега нема информации за причинета штета.

Слично

Поврзани вести